Home Blog

Научно докажано кои се идеалните години за стапување во брак

0

Луѓето имаат различни желби и планови кога сакаат да стапат во брак, но според ново истражување постојат идеални години за тоа, пишува Mirror.

Авторите на книгата „Algorithms to Live By: The Computer Science of Human Decisions“, научникот Томас Грифитс и новинарот Брајан Кристијан, истакнуваат дека брак е најдобро да склопите со навршени 26 години.

Нивното толкување вели дека кога ќе достигнете 37% од некоја цел сте ја достигнале совршената точка за извршување на планот. Ако просечна личност ја бара својата идеална половина на возраст меѓу 18 и 40 години, тогаш идеалната возраст е 26 години, бидејќи до тогаш веќе минало 37% од вкупното време на трагање.

Според оваа теорија, ако се помлади или постари од 26 години, пречесто ќе се расправате со партнерот и врската едноставно нема да успее.

Секако, правилото од 37% не е совршено и всушност не го објаснува фактот дека нашите вкусови меѓу 18 и 40 години од животот можат да се променат и може да бараме нешто поразлично. Сепак, овие експерти тврдат дека веројатноста врската да биде долготрајна е ако се озакони во 26 година од животот.

rtretretret ertretre

1

Се намалува цената на горивата.




Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25% во однос на одлуката од 5.9.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25% во однос на одлуката од 5.09.2022 година.




Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,990 ден/кг и сега ќе изнесува 51,473 ден/кг.



Од 13.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,473 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,236%, кај дизелот за 2,617%, кај екстра лесното масло за 2,786% и кај мазутот намалување за 3,266%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,848%.

Ako gi zabelezite ovie simptomi pijte pomalku voda

1

Пиењето премногу вода дури може да доведе до дисбаланс на електролити.

Сите знаеме колку е важна хидратацијата, освен за регулирање на телесната температура, пиењето доволно вода е од витално значење за детоксикација и треба да биде приоритет во текот на денот.

Но, дали можеме да пиеме премногу вода?

Додека идеалната количина на вода варира за секој човек врз основа на географската локација, типот на телото и уште многу други фактори, иако би било потребно многу за да се достигне точката на „претерана хидратација“, можно е да се испие премногу вода.

„При прекумерна хидратација, вишокот вода ја разредува концентрацијата на електролити во крвта, предизвикувајќи нерамнотежа во многу телесни системи“, рекла д-р Кетрин Волдроп за Mind Body Green.

Пиењето премногу вода дури може да доведе до електролитен дисбаланс наречен хипонатремија, што може да има некои прилично тешки несакани нуспоја врз телото. Блага хипонатремија се карактеризира со гастроинтестинални симптоми, гадење, повраќање, губење на апетит…

За среќа, релативно е малку веројатно дека ќе бидете премногу хидрирани бидејќи тоа ќе бара од вас да пиете екстремни количини вода дневно. Меѓутоа, ако вашата урина е целосно чиста, тоа може да биде знак дека треба да го намалите внесот на вода.

zxcxzcxzcxz

0

zczxcxzcxzcxz

bolka vo grbot

0

Според истражувањата недостатокот на еден витамин доведува до сериозни медицински нарушувања, како и до остеопоросис, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања.

Магнезиумот е важен минерал којшто е вклучен во многу аспекти од нашето здравје.

Магнезиумот учествува во повеќе од неколку стотици биохемиски реакции, а придонесува и во нормалниот баланс на електролити во телото, нормална функција на мускулите и нервите, учествува во многу функции кои ги извршува нервниот систем. Исто така потребен е и за процесите кои создаваат ДНК, протеини и коски.

Како последица на недостаток на магнезиум може да дојде до згрчување на мускулите и болки во долниот дел од грбот.

Магнезиумот е минерал којшто им дозволува на мускулите да се опуштат, а кога на нашето тело му недостасува магнезиум, почнуваме да имаме проблеми со мускулите, чувствуваме чести грчеви или тензии во мускулите, понекогаш имаме и тикови на фацијалните мускули.

Во екстремни ситуации, грчевите можат да доведат до хронична несоница.

Неправилни срцеви контракции
Недостатокот на магнезиум може да има негативен ефект врз срцевиот мускул. Поради тоа што овој минерал овозможува правилна контракција на срцевиот мускул, неговиот недостаток може да доведе до срцева аритмија која ги зголемува шансите за срцев удар, како и мозочен удар.

Депресија и лошо расположение
Пред повеќе од еден век, лекот за депресија бил магнезиум. Било вообичаено за докторите да препишуваат магнезиум на пациентите кои патат од депресија. Денес врската меѓу недостатокот на магнезиум и лошото расположение е заборавена иако многу од истражувањата го потврдуваат тоа.

Непријатно зуење во ушите
Тинитус е медицински израз за зуење во ушите. Иако тој често е предизвикан од инфекции, до него може да се дојде како последица на премала доза на магнезиум во организмот. Поради тоа доколку имате такви проблеми, обидете се да ја зголемите дозата на магнезиум во секојдневниот внес.

Камен во бубрег
Поголем дел од луѓето веруваат дека добивањето камен во бубрег е од недостаток на калциум. Меѓутоа, новите истражувања покажуваат дека недостатокот на магнезиум исто така може да биде причина за ова заболување.

Маричиќ: Ако има референдум, само едно прашање има смисла

0

Маричиќ: Ако има референдум, само едно прашање има смисла.




Прашањето за референдумот кое го предлага ВМРО-ДПМНЕ е врзано за договорот од 2017 година, договорот за добрососедство со Бугарија, за кој што исто како и за францускиот предлог во јули оваа година, ВМРО-ДПМНЕ немаше ни храброст а имаше можност да гласа против, туку и тогаш и сега ја напуштија собраниската сала, изјави во вечерашната Топ Тема, министерот за евроинтеграции во македонската влада, Бојан Маричиќ.




„Доколку навистина ВМРО-ДПМНЕ беше против францускиот предлог и против договорот со Бугарија, ќе гласаа против и за ратификацијата и сега. Зошто 5 години подоцна се отвора прашањето за референдум за договорот со Бугарија? Зошто не го отворија кога имаше референдум и за Преспанскиот договор? Или зошто пак сега не се отвори прашањето за референдум за Преспанскиот договор, кога го отвораат за Бугарија. Денеска ја слушнавме и изјавата на Мицкоски дека каков и да биде исходот од референдумот, тие ќе гласаат против. Зошто е тогаш референдумот, со каква цел?“ – изјави Маричиќ во Топ Тема.




Тој додава дека никому во владата не му било драго или пак го правел со задоволство компромисот кој беше направен со Бугарија, вели Маричиќ.

„Но мора да се водиме од државните интереси, од државнички пориви и желба да се однесе државата напред. Два ни се интересите: да си го зачуваме идентитот и јазикот и второто е да станеме членка на Европската Унија.“ – тврди министерот за евроинтеграции.







„Само еден референдум има смисла: дали сте за членство во ЕУ или не. Сите други прашање се заобиколување на единственото вистинско прашање. Во договорот со Бугарија не се уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ на некој начин можеби и свесно ја двои агендата, на уставни измени со договорот со Бугарија“ – вели Маричиќ.

Тој не сакаше да прецизира дали доколку бидат собрани 150 илјади потписи за распишување референдум, владеачката СДСМ ќе повика на бојкот или ќе учестува.

„Рано е да се каже. Сто пати да ме прашате, истиот одговор ќе ви го кажам. Мислам дека на оваа тема не треба да има референдум. Ако сакаме референдум, треба да биде на вистинското прашање: Дали сакате Северна Македонија да биде членка на ЕУ? Тоа е суштината на оваа дилема.“ – подвлече Маричиќ.

Груевски го чека уште едно барање за екcтpaдиција – во меѓувреме нема одговорност

0

Груевски го чека уште едно барање за екcтpaдиција – во меѓувреме нема одговорност.




За Никола Груевски, поранешниот премиер кој побегна во Будимпешта, а Унгарија му даде политички азил, пак ќе се бара екстрадиција.




Македонското министерство за правда денес соопшти дека ги следи судските постапки и дека повторно ќе бара Груевски да биде донесен во државава каде го чекаат три затвopcки казни, две правоcилни и една првостепена, но и судски постапки во тек. Поранешниот премиер е правосилно осуден на затворска казна од една и пол година за случајот „Насилство во Центар”, затвор од 2 години за „Тенк” за набавката на луксузниот владин мерцедес и првостепено осуден на 9 години затвор во случајот „ТНТ” за уривањето на Космос.

Против него се водат постапки за случаите „Титаник”, „Талир” 1 и „Талир 2″, а застаре случајот „Траекторија”.



„За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година. Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи,односно за сите постапки за кои е распишана потерница.Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година со образложение дека на Никола Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал. Состојбата со сите судски постапки внимателно се следи а Министерството за правда ќе постапи соодветно и ќе поднесе ново барање за екстрадиција”, соопштија од Министерството за правда.

Неодамна Груевски регистрираше фирма во Будимпешта. И.Ц.И.Ц. (I.C.I.C.) e името на фирмата на Груевски регистрирана во малото гратче Пецел, на дваесетина километри од Будимпешта, Унгарија. Фирмата е регистрирана со широка деловна активност во најмалку 10 различни сектори.

Груевски одлучил во регистрацијата на фирмата да ја наведе адресата на неговиот адвокат во Будимпешта.

Никој до сега не понесе одговорност, ниту пак против некого беше отворена истрага за бегството на Груевски.

Парите ќе се лепат за нив: 3 хороскопски знаци очекуваат прилив на пари во текот на есента!

1

Ѕвездите решија да ги почестат овие три хороскопски знаци. Еден знак ќе се ослободи од долгови, додека другите двајца конечно ќе заработат некој денари повеќе.




Водолија

Ѕвездите ги советуваат претставниците на овој знак паметно да ги вложат средствата што веќе ги имаат. Средината на септември и крајот на ноември е идеално време, бидејќи распоредот на планетите ќе биде оптимален за водење трансакции со недвижности и носење клучни одлуки за целото семејство. Освен тоа, ѕвездите им најавуваат на претставниците на овој знак некои нови, многу корисни познанства, евентуално со луѓе од странство, па затоа се препорачува тие да бидат присутни на мрежите, бидејќи ова е и начин да запознаете луѓе кои ќе помогнат да се подобрат финансиите.

Шкорпија




Уште еден среќен знак на кој ѕвездите му ветуваат успех. Згора на тоа, {корпиите треба да бидат највнимателни во средината на есента, кога нивните шанси за дополнителен готовински тек ќе бидат поголеми од било кога. Јупитер ќе се пресели во позиција каде што претставниците на овој знак ќе бидат забележани од претпоставените и ќе добијат понуда која едноставно ќе биде невозможно да ја одбијат. {корпијата ја очекува професионален успех, а со тоа доаѓа и подобрување на финансиите и животниот стандард.




Бик

Биковите се материјалисти, но се подготвени да вложат многу труд за да го подобрат својот животен стандард, што е исто така важно за нив. Ѕвездите им ветуваат вртоглави успеси наесен, пред се& финансиски. Интересно е тоа што најмногу шанси да се збогатат имаат Биковите кои на некој начин се поврзани со продажба преку мрежи или работат онлајн. Ѕвездите ги советуваат да не ги занемаруваат социјалните мрежи! Доколку сè уште немате профил за да помогнете во промоција на вашиот бизнис, задолжително отворете ја оваа есен, бидејќи така ќе ги зголемите шансите да го привлечете вниманието на вистинските луѓе и да заработите богатство!

ПУКНА ЛИ ТИКBAТА: Дали до тука беше љубовта меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ? Еве што велат

1

Градоначалничката на Грaд Скопје Данела Арсовскa во еден ден ги разреши од функциите секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски и в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински.




Како причина за разрешувањето на Велковски од Град Скопје го наведуваат како што велат оттаму, неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства што се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ.




Велковски пак тврди дека бил разочаран од, како што вели „слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје“.




Но, еве што вели кабинетот на Арсовска:

„Од функцијата Секретар на Град Скопје, во петокот е разрешен Ѓоко Велковски, а причина за разрешувањето е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ. Велковски, во петокот е разрешен заедно со в.д директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје Златко Перински поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач во милионски тендер.




Градот Скопје нема да дозволи расипничко трошење на парите на скопјани, ниту финансирање на лични и теснопартиски интереси. Скопје е град на сите скопјани“, се вели во соопштението.

„Околу разрешувањето Златко Перински ќе даде одговор за сета ситуацијата во текот на денот. За состојбите во Градот Скопје, пак, се гледа и во објавата на Велковски кој јавно нагласува за слаб капацитет на Данела Арсовска и нејзините приоритети кои се различни од приоритетите на скопјани и приоритетите кон модерно Скопје. Во периодот што следува партиските органи ќе заземат став за релацијата кон Арсовска, но одлуката и ставот се насетуваат и во ставот на Велковски.

Да потсетам, Аpcовска беше независен кандидат кој победи со огромна поддршка од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и самата ВМРО-ДПМНЕ“, вели Наум Стоилковски.

Се знае кој од Македонскиот државен врв ќе оди на погpeбот на кралицата Елизабета Втора

0

Се знае кој од Македонскиот државен врв ќе оди на погpeбот на кралицата Елизабета Втора.

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора во Лондон, соопшти денеска кабинетот на претседателот Пендаровски.




Погребот ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Лондон.

Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември.




Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.

error: Content is protected !!