Вучиќ: Нема дискусија, нема да има признавање на Косово

0
107

Вучиќ: Нема дискусија, нема да има признавање на Косово.




Нема да има дискусија за иднината на Србија, нема да има никакво признавање на Косово.

Во моментов разговарам со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и со советниците за надворешна и безбедносна политика на Франција и Германија, Емануел Боне и Јенс Плетнер. Нема предавање! Да живее Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ истакнал дека „секогаш е подготвен за компромисни решенија“ во согласност со, како што рече, Уставот на Србија и резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Пред пристигнувањето во Белград, претставниците на ЕУ, Франција и Германија се сретнаа во Приштина со премиерот на Косово, Албин Курти.




Портпаролот на Европската комисија Петер Стано претходно изјави дека целта на посетата е да се испитаат опциите за напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон во заедничкото писмо упатено до Курти и Вучиќ објавија дека ги ангажирале нивните советници Плетнер и Боне да го поддржат дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Во писмото двајцата лидери ги повикуваат Вучиќ и Курти да го продолжат дијалогот и да покажат подготвеност да донесат тешки одлуки во одлучувачки момент за безбедноста во Европа и стабилноста во регионот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here