Ова е селото Ноива де Кордеиро, место во јужен Бразил каде живеат само жени. Според сторијата која кружи низ светските медиуми, во селото живеат околу 600 жени и повеќето се на возраст помеѓу 20-35 години.
Жителите од околните места ги опишуваат жените како “дами со импресивна убавина”.
Поради недостаток на мажи младите жени упатиле апел, повикувајќи дека сите сакаат да се преселат во нивното село доволно мажи кои ќе ги задоволат нивните потреби.
Затоа девојките решиле да ги повикаат сите заинтересираните ергени да дијдат да живеат во нивното село. Но, многу претставници на посилниот пол се плашат да отидат на место каде што владеат женски правила. “Живееме во хармонија.
Кога нема мажи, сме многу помирни, бидејќи се обидуваме да го разрешиме секој конфликт со заедничка согласност”, раскажува 49-годишната Росана. “Но сонувам да се заљубам.
Сакам да го продолжам животот тука, а не да го напуштам селото за да најдам маж. За тоа бараме мажи кои се подготвени да го остават нивниот живот и да станат дел од нашиот”, додава Нина.