Пиeш чаша плус, очекуваш да легнеш нешто сабота вечер и оп, завршуваш САМ ДОМА.
У денешено време се изнаслушав дека постојат многу типови кои едвај чекаат да дојде сабота за да можат да фанат некое младо месо.
Обично, тие биле онака печени, костумисани момци, кој директор, кој банкар, кој фраер од маало кој се вработил благодарение на тоа што татко му фатил врски кај некој друг директор и така. Сепак, постојат многу фацки низ Скопјево кои едвај чекаат да дојде викенд за да тргнат во лов на младо месо. И тоа го знаат и нивните жени. Само и ним им е убаво, вели мојата колешка од една прилично реномирана компанија која не можам да ја спомнам а која вели има буквално многу понуди и искуства со вакви кои на Инста и Фејс глумат најзаљубен пар, а во реалноста се изневеруваат на секој чекор. Скопје јесте да е големо, но не е толку големо за да не се дознае ништо.
Напротив, ние знаеме се! Еве и кај мене во фирма, најпрвин директорот е тој кој сака да шетка наоколу и секој петок да прашува дали ќе се искача и слично. Нормално, тоа некои колешки кои не се во добри односи со своите мажи бидејќи знаат дека и тие шврљаат наоколу, одговараат позитивно на ваквите прашања, па често и самите споделуваат дека знаат да си седнат со шефот негде надвор од канцелариите, да се напијат чаша, две вино и потоа да заминат на афтер. А на афтер? Па таму се знае како е и што е работава.
Но, нејсе. Она што сакав да го укажам е – ве знам многу такви, пиете чаша плус, нарачувате за нас (дамите) а потоа добивате корпа бидејќи се уште има чесни жени на овој свет и на крајот од денот завршувате сами. САМ ДОМА. А зошто САМ? Па бидејќи и жената веројатно ве научила и не ве пушта во кревет.
Текстот е преземен од профилот на Ребека Стоилова.