ДВОЈНИЧКАТА НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ЈА НАПУШТА РАБОТАТА: Заминувам во пензија, а таа одлука ме прави многу тажна

0
283

ДВОЈНИЧКАТА НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ЈА НАПУШТА РАБОТАТА: Заминувам во пензија, а таа одлука ме прави многу тажна.




Големата сличност со кралицата Елизабета, на Мери и донесе улоги на телевизја и на филм. Една од нејзините најистакнати моменти е главната улога во комедијата Bullseye od 1990 во која мери глумеше заедно со Роџер Мур.




Рејнолдс на новирарите им рекла дека е среќна што изгледа како британската кралица, но дека по cмpт*та на Елизабета Втора, решила да се откаже од досегашната работа, од почит кон неа и дека таа одлука ја прави многу тажна.




„Штотуку се преселив во нова куќа. Имам две полни кутии со шешири и токму размислував каде да ги сместам и тогаш сфатив дека повеќе нема да ми требаат“ – вели двојничката на кралицата Елизабета.




Таа истакнува дека најверојатно ќе ги задржи сите свои „кралски“ облеки бидејќи тие долго време биле дел од нејзиниот живот. Мери Рејнолдс на новинарите им открила и дека веќе долго во својот дом има два плакари – едниот за нејзините сопствени облеки, а другиот за оние на кралицата, од кој понекогаш со задоволство позајмува некоја облека кога има свечени настани.




Присетувајќи се на моментите од својата кариера, Мери Рејнолдс раскажува дека луѓето различно реагирале кога ќе ја видече мислејќи дека тоа навистина е британската кралица. Најчесто од неа барале заедничка фотографија.

Иако никогаш во живо не ја запознала Елизабета Втора, Мери Рејнолдс вели дека секогаш ги следела сите важни настани во животот на кралицата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here