Уште не седнат во кралската фотелја, новиот КРАЛ предизвика негативни реакции. (ВИДЕО)
На медиумите и социјалните мрежи се појавија две видеа на кои се гледа како новиот крал на Обединетото Кралство, Чарлс Трети, со гримаса бара од службениците да ги отстранат предметите од масата додека тој потпишува. Неговиот гест беше протолкуван како знак на аpoганција и предизвика негативни реакции во јавноста.
Дали навистина новиот крал е аpoгантен или пак тоа е само момент во кој тој изреагирал така поради тоа што пенкалата на масата му сметале, ќе се види во иднина.
Чарлс се соочува со овие предизвици на 73-годишна возраст, како најстар монарх кој го презел тронот.
По смp*тта на својата мајка, кралицата Елизабета Втора вчера, на 8 септември, принцот Чарлс конечно стана монарх на Обединетото Кралство и на 14 други земји од Комонвелтот и со тоа тој е наследник кој најдолго чекал за тронот во британската историја.
Во продолжение за тоа кој е престолонаследникот на кралската фотеља според светските медиуми, кои се анализите за неговиот карактер и многу други информации за новиот крал Чарлс.
This is the real Charles you can’t hide who you are this is how he’s been treating the servants for years with such little respect. Fanning his finger to clean the desk off and move the object. Showing your real Arrogance you will fail it’s in the cards pic.twitter.com/wM9bvX8gHm
— Turkey1976 (@gayleLackey11) September 10, 2022
Сега, како Чарлс Трети, нема да му биде нималку лесно во новата улога бидејќи неговата мајка беше исклучително популарна и почитувана, но си замина во момент кога репутацијата на британското кралско семејство е нарушена, а односите се затегнати, вклучувајќи ги и долготрајните обвинувања против претставници на Бакингемската палата за расизам, ги пренесува пишувањата на светските медиуми и агенции регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.
Критичарите сметаат дека новиот крал е слаб, суетен и дека не го поседува неопходниот карактер за улогата на монарх.
Во повеќе наврати тој беше исмеван поради разговори со растенија и опседнатоста со архитектурата и животната средина, а сè уште го следи сенката од неуспешниот брак со покoj*ната принцеза Дијана.
Поддржувачите, пак, велат дека Чарлс е едноставно несфатен, на што се должат и критиките и искривувањето на добрата работа што ја врши, како и тоа дека во сферите во кои се ангажирал, како што се климатските промени, бил пред своето време.
Тие тврдат дека е внимателен и дека се грижи за граѓаните од сите заедници и општествени слоеви. Неговата организација „Prince’s Trust“ од нејзиното основање пред речиси 50 години им помогнала на повеќе од еден милион невработени и загрозени луѓе.
Воспитувањето на Чарлс отсекогаш се разликувало од претходните престолонаследници. Неговите претходници стекнуваа образование со помош на приватни учители. Сепак, Чарлс одеше во училиштето „Хил Хаус“ во западен Лондон пред да премине во училиштето „Чим“, кое го посетувал и неговиот татко принцот Филип, а каде што подоцна бил и еден од најдобрите ученици.
Потоа Чарлс е испратен во „Гордонстоун“, строг интернат во Шкотска, во кој исто така студирал неговиот татко. Времето поминато таму Чарлс го опишал како пекол.
Тој повторно ја прекинал традицијата откако заминал да студира археологија и антропологија на колеџот „Тринити“ во Кембриџ, каде што подоцна се префрлил на студии по историја.
За време на студиите и формално е крунисан за принц од Велс, титулата која традиционално ја носи престолонаследникот, на голема церемонија во 1969 година. Следната година станал првиот британски престолонаследник кој добил диплома.
Како и многумина други членови на кралското семејство пред него, и тој им се придружил на вооружените сили, прво во Кралското воздухопловство во 1971 година, а потоа во морнарицата, каде што станал командант на воениот брод „Бронингтон“, пред да ја заврши активната служба во 1976 година.
Како млад принц негуваше спортска фигура посветувајќи се на скијање, сурфање и нуркање. Беше пасиониран играч на поло и се појавуваше и како џокеј на многубројни коњски трки.
Повеќе наликуваше на активист отколку на престолонаследник
Чарлс често се бореше да ја заузди страста за својата работа изразувајќи ги своите надежи и стравови кои често повеќе звучеа како на активист отколку како на иден монарх, наведува Си-ен-ен во својата анализа.
Поради ова, тој беше обвинуван дека со тоа претставува закана за независноста и непристрасноста на монархијата. Еден од примерите се климатските промени, за кои тој зборува уште од 1968 година.
Чарлс беше истакнат поддржувач на Парискиот климатски договор од 2015 година и разговараше за тоа со Доналд Трамп на чај во декември 2019 година, додека тогашниот американски претседател се подготвуваше да ја повлече својата земја од пактот.
На Светскиот економски форум 2020 година во Давос, Швајцарија, Чарлс одржа моќен говор прашувајќи:
„Дали сакаме да влеземе во историјата како луѓе што не направија ништо за да го вратат светот од работ на бездната кога можевме? Јас тоа не го сакам“, рече Чарлс.