ВИКЕНДАШИТЕ ОД ГРЦИЈА ЗАГЛАВИЈА НА БОГОРОДИЦА За влез во државата во моментов се чека и до два часа, гужвата трае.
Викендашите кои попладнево сакале од Грција да влезат во Македонија чекале и до два часа на граничниот премин Богогородица, дознава Плусинфо од граѓани кои патувале. Редиците возила од грчка страна се долги 3 километри. Не се знае кога точно ќе се растерети гужвата која настана на граничниот премин.
Од АМСМ не можеа да ја потврдат веста, освен дека задржувањето е веројатно поголемо на грчката страна. Според нив, во моментов од македонската страна нема поголеми задржувања.
Во однос на другите гранични премини, од АМСМ велат дека на Табановце во моментов за влез и за излез се чека до еден час.