Градоначалничката на Грaд Скопје Данела Арсовскa во еден ден ги разреши од функциите секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски и в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински.
Како причина за разрешувањето на Велковски од Град Скопје го наведуваат како што велат оттаму, неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства што се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ.
Велковски пак тврди дека бил разочаран од, како што вели „слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје“.
Но, еве што вели кабинетот на Арсовска:
„Од функцијата Секретар на Град Скопје, во петокот е разрешен Ѓоко Велковски, а причина за разрешувањето е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ. Велковски, во петокот е разрешен заедно со в.д директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје Златко Перински поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач во милионски тендер.
Градот Скопје нема да дозволи расипничко трошење на парите на скопјани, ниту финансирање на лични и теснопартиски интереси. Скопје е град на сите скопјани“, се вели во соопштението.
„Околу разрешувањето Златко Перински ќе даде одговор за сета ситуацијата во текот на денот. За состојбите во Градот Скопје, пак, се гледа и во објавата на Велковски кој јавно нагласува за слаб капацитет на Данела Арсовска и нејзините приоритети кои се различни од приоритетите на скопјани и приоритетите кон модерно Скопје. Во периодот што следува партиските органи ќе заземат став за релацијата кон Арсовска, но одлуката и ставот се насетуваат и во ставот на Велковски.
Да потсетам, Аpcовска беше независен кандидат кој победи со огромна поддршка од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и самата ВМРО-ДПМНЕ“, вели Наум Стоилковски.
oew3kf