Груевски го чека уште едно барање за екcтpaдиција – во меѓувреме нема одговорност

0
123

Груевски го чека уште едно барање за екcтpaдиција – во меѓувреме нема одговорност.




За Никола Груевски, поранешниот премиер кој побегна во Будимпешта, а Унгарија му даде политички азил, пак ќе се бара екстрадиција.




Македонското министерство за правда денес соопшти дека ги следи судските постапки и дека повторно ќе бара Груевски да биде донесен во државава каде го чекаат три затвopcки казни, две правоcилни и една првостепена, но и судски постапки во тек. Поранешниот премиер е правосилно осуден на затворска казна од една и пол година за случајот „Насилство во Центар”, затвор од 2 години за „Тенк” за набавката на луксузниот владин мерцедес и првостепено осуден на 9 години затвор во случајот „ТНТ” за уривањето на Космос.

Против него се водат постапки за случаите „Титаник”, „Талир” 1 и „Талир 2″, а застаре случајот „Траекторија”.



„За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година. Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи,односно за сите постапки за кои е распишана потерница.Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година со образложение дека на Никола Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал. Состојбата со сите судски постапки внимателно се следи а Министерството за правда ќе постапи соодветно и ќе поднесе ново барање за екстрадиција”, соопштија од Министерството за правда.

Неодамна Груевски регистрираше фирма во Будимпешта. И.Ц.И.Ц. (I.C.I.C.) e името на фирмата на Груевски регистрирана во малото гратче Пецел, на дваесетина километри од Будимпешта, Унгарија. Фирмата е регистрирана со широка деловна активност во најмалку 10 различни сектори.

Груевски одлучил во регистрацијата на фирмата да ја наведе адресата на неговиот адвокат во Будимпешта.

Никој до сега не понесе одговорност, ниту пак против некого беше отворена истрага за бегството на Груевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here