bolka vo grbot

0
132

Според истражувањата недостатокот на еден витамин доведува до сериозни медицински нарушувања, како и до остеопоросис, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања.

Магнезиумот е важен минерал којшто е вклучен во многу аспекти од нашето здравје.

Магнезиумот учествува во повеќе од неколку стотици биохемиски реакции, а придонесува и во нормалниот баланс на електролити во телото, нормална функција на мускулите и нервите, учествува во многу функции кои ги извршува нервниот систем. Исто така потребен е и за процесите кои создаваат ДНК, протеини и коски.

Како последица на недостаток на магнезиум може да дојде до згрчување на мускулите и болки во долниот дел од грбот.

Магнезиумот е минерал којшто им дозволува на мускулите да се опуштат, а кога на нашето тело му недостасува магнезиум, почнуваме да имаме проблеми со мускулите, чувствуваме чести грчеви или тензии во мускулите, понекогаш имаме и тикови на фацијалните мускули.

Во екстремни ситуации, грчевите можат да доведат до хронична несоница.

Неправилни срцеви контракции
Недостатокот на магнезиум може да има негативен ефект врз срцевиот мускул. Поради тоа што овој минерал овозможува правилна контракција на срцевиот мускул, неговиот недостаток може да доведе до срцева аритмија која ги зголемува шансите за срцев удар, како и мозочен удар.

Депресија и лошо расположение
Пред повеќе од еден век, лекот за депресија бил магнезиум. Било вообичаено за докторите да препишуваат магнезиум на пациентите кои патат од депресија. Денес врската меѓу недостатокот на магнезиум и лошото расположение е заборавена иако многу од истражувањата го потврдуваат тоа.

Непријатно зуење во ушите
Тинитус е медицински израз за зуење во ушите. Иако тој често е предизвикан од инфекции, до него може да се дојде како последица на премала доза на магнезиум во организмот. Поради тоа доколку имате такви проблеми, обидете се да ја зголемите дозата на магнезиум во секојдневниот внес.

Камен во бубрег
Поголем дел од луѓето веруваат дека добивањето камен во бубрег е од недостаток на калциум. Меѓутоа, новите истражувања покажуваат дека недостатокот на магнезиум исто така може да биде причина за ова заболување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here