Пиењето премногу вода дури може да доведе до дисбаланс на електролити.
Сите знаеме колку е важна хидратацијата, освен за регулирање на телесната температура, пиењето доволно вода е од витално значење за детоксикација и треба да биде приоритет во текот на денот.
Но, дали можеме да пиеме премногу вода?
Додека идеалната количина на вода варира за секој човек врз основа на географската локација, типот на телото и уште многу други фактори, иако би било потребно многу за да се достигне точката на „претерана хидратација“, можно е да се испие премногу вода.
„При прекумерна хидратација, вишокот вода ја разредува концентрацијата на електролити во крвта, предизвикувајќи нерамнотежа во многу телесни системи“, рекла д-р Кетрин Волдроп за Mind Body Green.
Пиењето премногу вода дури може да доведе до електролитен дисбаланс наречен хипонатремија, што може да има некои прилично тешки несакани нуспоја врз телото. Блага хипонатремија се карактеризира со гастроинтестинални симптоми, гадење, повраќање, губење на апетит…
За среќа, релативно е малку веројатно дека ќе бидете премногу хидрирани бидејќи тоа ќе бара од вас да пиете екстремни количини вода дневно. Меѓутоа, ако вашата урина е целосно чиста, тоа може да биде знак дека треба да го намалите внесот на вода.
cpfxnf